Денеска ќе се одржи првото судско рочиште за „Рекет“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи првото рочиште за случајот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец.

Од домашен притвор на судењето треба да бидат донесени обвинети Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец, додека првообвинетиот Бојан Јовановски од КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор.

Како што соопшти Јавното обвинителство, првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.  Второобвинета Јанева се товари и дека сторило и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

„Во преземените службени дејствија, второобвинетата ја искористила и ја пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра“, информираше тогаш Обвинителство кое отвори нова истрага која се однесува на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски.