Четири тела извлечени од Дрина откако се преврте брод полн со мигранти

Имаме информации дека на чамецот имало околу 30 мигранти, од кои 15 излегле на брегот, изјави Трниниќ за РТС

Фото: Ant83 at Serbian Wikipedia, Public domain, via Wikimedia Commons

Тела на четворица мигранти се пронајдени во реката Дрина кај Братунац, каде рано утринава се превртел чамец со триесетина мигранти, потврди директорот на Управата за цивилна заштита на Република Српска, Борис Трниниќ за српските медиуми.

„Имаме информации дека на чамецот имало околу 30 мигранти, од кои 15 излегле на брегот“, изјави Трниниќ за РТС.

Тој додаде дека на барање на општина Братунац на терен излегле противпожарните и спасувачките единици од Братунац, како и екипа на Републичката управа за цивилна заштита за спасување.

„Досега на терен се пронајдени четири тела, кои ќе ги преземе полицијата која ќе продолжи да истражува“, изјави Трниниќ.

Тој рече дека екипа на Републичката управа за цивилна заштита за спасување на вода продолжува со понатамошна потрага со два чамци со екипаж.

Во полициската управа во Зворник Срна, претходно беше кажано дека полицијата привела 14 мигранти за кои е утврдено дека се од Мароко. Со еден од чамците тие биле прошверцувани по Дрина кај Братунац, додека другиот чамец се превртел.

Граничната полиција овој случај го пријавила во полиција утринава во 5 часот и 20 минути.

Се претпоставува дека чамци со мигранти заминале преку Дрина од Дрлача, на околу 12 километри од Љубовија.