Бајден со сериозни намери да се откаже од кандидатурата за претседател

Претседателот се спротивстави на тие повици тврдејќи дека освоил милиони гласови во првичните трки во последните неколку месеци и дека е вистинскиот избор на демократските гласачи

Претседателот Џо Бајден заминува по говорот на Конвенцијата NAACP, вторник, 16 јули 2024 година, во Лас Вегас, Невада. (Официјална фотографија на Белата куќа од Адам Шулц)

Претседателот Џо Бајден секојдневно добива бројни повици од партијата да се повлече од кандидатурата за претседателски кандидат, бидејќи според демократските функционери, прашање на време е кога тоа ќе се случи, пишува Ројтерс.

Осумдесет и едно годишниот Бајден се соочи со зголемен притисок од демократската партија да ја отстапи својата позиција по неквалитетниот дебатен настап против поранешниот претседател Доналд Трамп. Тоа истовремено го зголеми стравот за неговата возраст и способноста да победи на изборите во ноември.

Претседателот се спротивстави на тие повици тврдејќи дека освоил милиони гласови во првичните трки во последните неколку месеци и дека е вистинскиот избор на демократските гласачи.

Демократскиот сенатор Крис Кунс, близок соработник на Бајден, за медиумите изјави дека Бајден ќе „одмара и размислува“ додека закрепнува од Ковид-19. Кунс, додаде дека Бајден е најдобриот кандидат за изборите во 2024 година.

Кампањата на Бајден се фокусира на три од седум држави, каде настапува на преидзборната кампања, но официјално е непознато дали ќе се откаже.

„Тој не се колеба за ништо. Претседателот ја донесе својата одлука“, рече заменик-менаџерот на кампањата Квентин Фулкс во Милвоки каде што се одржува републиканската конвенција.

„Џо Бајден рече дека се кандидира за претседател на Соединетите Американски држави“, рече Флукс.

Додека пак, друг извор, претставник на кампањата на Бајден, го изјави спротивното:

Да, готово е. Само прашање на време.

Демократскиот сенатор Џон Хикенлупер од Колорадо рече дека верува оти Бајден работи на одлука дали да остане во претседателската трка и дека ќе се одлучи за она што е добро за земјата.

„Џо Бајден отсекогаш ја ставал нашата земја на прво место. Тој го направи она што е најдобро за Америка. Мислам дека ќе продолжи да го прави тоа“, изјави Хикенлупер за Ројтерс доцна во средата, додавајќи дека постојат индикации дека ќе биде најдобро за САД ако се повлече.

Поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси го подржа повикот на претставникот Адам Шиф кој го повика Бајден да се повлече, вели  врвен извор од Белата куќа со директно знаење за ова прашање. Извор близок до Пелоси – еден од највлијателните членови на Демократската партија на Бајден – рече дека Шиф не се консултирал со Пелоси пред јавно да ја соопшти својата загриженост.