Алијанса за позитивна Македонија се приклучи кон бојкотот на изборите на 5 јуни

Алијанса за позитивна Македонија (АПМ) нема да учествува на изборите што треба да се одржат на 5 јуни годинава, под сегашниве услови и околности ако меѓународната заедница, како гарант на Договорот од Пржино, не гарантира дека се создадени услови за фер и демократски избори, информираат од партијата.

АПМ смета дека Договорот на политичките партии од јуни и од јули 2015 година не е исполнет во целост, а особено не во најчувствителните и најзначајните делови за одржување на фер, демократски, веродостојни избори што на идниот парламент и влада треба им дадат полн легитимитет од страна на граѓаните за да ја водат државата.

АПМ денеска одржа состанок на главниот одбор и го избра професорот Рубин Земон за претседател на партијата.