Академијата за одржлив развој на УНЕСКО во Торино: Презентации за Охрид и за Преспа

Дејан Пановски, во функција на претставник на Националната комисија на УНЕСКО, во Торино, Италија, на Академијата за одржлив развој во УНЕСКО-подрачја, во кампот на ОН, го престави Охридскиот регион со две презентации. Првата за Планот за управување со културното и со природното наследство и втората, за управувањето со Прекуграничниот биосферен резерват на УНЕСКО Охрид – Преспа.

Исто така, М-р Зоран Павлов од Управата за заштита на културното наследство, изнесена беше потребата за зачувувањео на автентичноста и за конзервација на културните вредности, во контекст на развојот и на иднината.

Од аспект на природното богатство, преставникот Дејан Пановски укажа на уникатноста, пејсажните и на ендемичните вредности на охридскиот регион, посочувајќи дека економскиот развој не смее да биде на штета на природните и на културните вредности затоа што средно и долгорочно загубите за регионот би биле многу поголеми отколку добивката.

– Ние во охридскиот регион имаме статус на културно заштитено наследство, статус на природно заштитено наследство и статус на биосферен резерват на УНЕСКО, што е единствен пример во светот. Моделот за економски развој во вакво подрачје е туристичко искористување на тие вредности плус духовните и гастрономските вредности. Сè друго ќе значи загуба на уникатноста и непрепознатливост за светскиот туристички интерес, кој денес бара автентичност и зачувани вредности. Решенијата треба да се бараат во правилно зонирање на просторот, во оцената на влијание врз животната средина и преку инволвирање на заедницата во планирачките процеси – истакна Пановски.

На академијата учествуваат преставници од заштитени подрачја на УНЕСКО од Мексико, Хондурас, Никарагва, Колумбија, Европските земји, Казахстан, Оман, Лесото, Кенија и други.

Македонија има двајца преставници, од областа на културата и од областа на природата.