Ахмети: Албанците немаат друга алтернатива освен интеграција во ЕУ

ДУИ синоќа претстави дел од кандидатите за пратеници во шестата изборна единица, на собир на тетовските разграноци на партијата, во салата на Центарот за култура „Иљо Антесвки Смок“ во Тетово.

Али Ахмети, лидерот на ДУИ и носител на кандидатската листа за пратеници во шестата изборна единици, рече дека Албанците немаат друга алтернатива освен интеграција во ЕУ.

– Ова е наша мисија. Се соочивме со многу предизвици и многу луѓе кои не нè сакаа, но ги надминавме пречките и сега сме посилни од порано. Борбата продолжува, треба да бидеме свесни дека имаме многу работа. Најважно во новиот мандат е да работиме на подобрување на квалитетот на образованието. Само со знаење и со сила можеме да постигнеме многу. Потребно е и да се договориме со соседните држави, да работиме на решавање на спорот за името, да се почитува Рамковниот договор, а и да го трасираме патот кон евроинтеграција, бидејќи ние сме дел од Европа. Ќе ни треба време, но и вашата поддршка. Сите да се организираме во име на нашето мото „Заедно одлучуваме“ – изјави Ахмети.