Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе ја прекине својата кандидатура за реизбор, велејќи дека „тоа е во најдобар интерес на партијата и земјата“.
Бајден се повлекува четири месеци пред претседателските избори во САД.
Ова следува по неколкунеделниот интензивен притисок од колегите демократи по неуспешната дебата против републиканецот Доналд Трамп кон крајот на јуни.
Во писмото што го објави на својот профил на социјалните мрежи вели дека му е најголема чест во животот да ја извршува функцијата претседател.
„И иако мојата намера беше да барам реизбор, верувам дека е во најдобар интерес на мојата партија и земја да се повлечам и да се фокусирам исклучиво на исполнување на должностите на претседателот до крајот на мојот мандат.