Синоќа во Скопје казнети 105 возачи оти брзо возеле

Фото: Министерство за внатрешни работи

Вработени во секторот за внатрешни работи – Скопје, вчера казниле 105 возачи за возење со брзина поголема од доволената, информира Министерството за внатрешни работи.

„СВР продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 105 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол“, наведено е во соопштението на МВР.

Освен тоа, изречени биле и седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), како и две казни за возач почетник.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, наведено во соопштението.