За празниците да се вози внимателно

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) порачаа за претстојните празници да се вози внимателно за да не завршат со семејни трагедии.

– За време на празниците, има голема фреквенција на сообраќај и голем дел од возачите возат под дејство на алкохол. Затоа бројот на несреќи е многу повисок во однос на другиот период од годината. Сметаме дека со внимание, несреќите можат да се спречат и затоа апелираме возачите да не возат под дејство на алкохол – рече портпаролот на РСБСП, Тоше Јанев.