Избирачкиот список од денеска на јавен увид

Од денеска Државната изборна комисија (ДИК) ќе го стави на јавен увид избирачкиот список.

Во текот не денот, списокот ќе биде распределен во 34 подрачни единици на ДИК и во следните 15 дена граѓаните ќе можат во подрачните единици да извршат проверка дали ги има во избирачкиот список со точни податоци и доколку забележат какви било неправилности, ќе може да ги пријават.