Собраниска седница за годишните извештаи за работата на Советот на јавните обвинители

Продолжение на 49. седница денеска ќе се одржи во Собранието на Република Македонија, а на дневен ред се годишните извештаи за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија и на Судскиот совет на Република Македонија за 2014 година.

Меѓу точките се и измените и дополнувањата на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и во прекршочна постапка, на Законот за спречување на корупцијата, на Законот за воздухопловство и предлог-законот за дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, сите во прво читање.

Пратениците треба да го разгледаат и предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за трговските друштва, по скратена постапка.

На дневен ред се и два закона за ратификации, како и неколку барања за давање автентично толкување на членови од закони.