151 милијарда долари е одливот на капитал од Русија во 2014 година

Руската централна банка соопшти дека одливот на капитал од Русија, на кој влијаеја кризата во Украина и слабеењето на рубљата, во 2014 година достигна 151 милијарда долари.

За разлика од 2013 година, кога беше 61 милијарда долари, во 2014 година одливот на капитал е за 2,5 пати поголем.

Вкупната трговска размена на Русија изнесуваше 56,7 милијарди долари во 2014 година, во однос на 34,1 милијарди долари во 2013 година.