fbpx
Таг: Жан Моне

таг: Жан Моне

Кукан: Учеството на младите на референдумот може да биде одлучувачко

Вистинското место каде што треба да се води политичкиот дијалог и да се постигне консензус е Собранието и тој не треба да се ограничи само на политичките партии, туку во него треба да се вклучи граѓанскиот сектор, експерти и други формални или неформални групи. Ова денеска го истакна претседателот на македонското Собрание Талат Џафери на конференцијата „Поттикнување на политички дијалог...

Џафери: Несериозно би било да се размислува за предвремени избори

Би било несериозно било кој да размислува за предвремени парламентарни избори оваа година, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на редовниот брифинг со новинари. - Избори може да има секогаш кога пратениците ќе одлучат да се самораспуштат. Но, во сериозна држава во која сериозни работи треба да се случат, несериозно би било било кој да размислува за предвремени парламентарни избори...

Џафери: Разговорите во процесот „Жан Моне“ се одвиваат во конструктивна атмосфера

Разговорите во рамки на процесот „Жан Моне“ се одвиваат во конструктивна, работна атмосфера, со консензуален став на учесниците за потребата од регулирање, односно дорегулирање на односите во Законодавниот дом, рече претседателот на Собранието Талат Џафери од Охрид, каде во тек се разговорите на претставници на парламентарните партии во македонското Собрание во рамки на процесот „Дијалог Жан Моне“ инициран од...

Во Охрид почнува работниот дел од дијалогот „Жан Моне“

Претставници на парламентарните партии во македонското Собрание денеска во Охрид ќе ги отпочнат разговорите во рамки на дијалогот „Жан Моне“ насловени како „Клучен принцип на консензус за обединет пристап кон Евро-атлантските интеграции за граѓаните на РМ и институционално јакнење на Собранието како демократски столб на сите реформи“. Средбата е иницирана од европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан. Клучните теми...

Процесот „Жан Моне“ одложен за мај поради организациски причини

Процесот „Жан Моне“, инициран од тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан е одложен за мај, потврдиле за МИА од канцеларијата на Вајгл. Средбите меѓу претставници на пратеничките групи од македонското Собрание и претставници на Европскиот парламент и функционери на ЕУ требаше треба да се одржат од 15 до 17 март во Охрид каде се очекуваше присуство и...

Новинарот Манасиев и фоторепортерот Личковски добитници на „Жан Моне“

Наградата „Жан Моне" за 2017 за најдобра новинарска сторија ја доби Александар Манасиев, новинар на „Топ тема на ваша страна“ на телевизија „Телма“, за текстот за фалсификуваните дипломи за англиски јазик на кандидатите за обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители. Фоторепортерот на „Сакам да кажам“ Ѓорѓи Личовски ја освои наградата за 2017 за најдобра фотографија, за снимката на рибарите...

Вајгл: Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе одлука да присуствува на „Жан Моне“

Процесот „Жан Моне“ не е продолжување на Договорот од Пржино и нема да носи одлуки кои се во надлежност на Собранието или било кои други македонски институции, изјави за „Мета“, известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл коментирајќи го ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека се против дијалогот за клучни прашања да се води во странство и надвор од македонските...

ВМРО-ДПМНЕ за „Жан Моне“: Прашањата треба да се решаваат во државните институции

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека за сите значајни прашања треба да се води дијалог помеѓу партиите во рамките на државните институциите и дека во моментов не ја гледаат потребата ниту ја знаат темата за друг вид на средби како проектот „Жан Моне“. „ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против политички дијалог, но повторување на „Договорот од Пржино“ во или надвор од Македонија е непотребно...

Вајгл: Процесот „Жан Моне“ не е замена или продолжување на Договорот од Пржино

Последната недела на јануари следната година, претставници на политичките партии, европратеници, експерти од ЕУ, заедно со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан и претставници на францускиот Парламент и на француската влада, во Париз ќе го почнат процесот на меѓусебен дијалог за важни прашања насловен како „Жан Моне“, информираше денеска известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Иво...

Иво Вајгл со политичките партии разговара за проектот „Жан Моне“

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, денеска ги продолжува средбите со координаторите на пратеничките групи во Собранието, по што ќе следува брифинг со претседателот на Собранието Талат Џафери и со амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар. - Би сакал да разговараме за проектот „Жан Моне“ на Европскиот парламент што значи покренување на дијалогот на политичките играчи во Македонија...

„Договорот од Пржино и потоа“, тема за годинешните новинарски награди „Жан Моне“

Делегацијата на Европската Унија во Скопје го објави 14. конкурс за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во покривањето теми поврзани со Договорот од Пржино. Наградата „Жан Моне“, која годинава ќе се доделува за темите под наслов „Договорот од Пржино и потоа“, ќе биде доделена во три натпреварувачки категории - најдобар новинарски напис (за написи објавени во печатени медиуми и/или на интернет), најдобра...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...