fbpx

Џафери: Разговорите во процесот „Жан Моне“ се одвиваат во конструктивна атмосфера

-

Разговорите во рамки на процесот „Жан Моне“ се одвиваат во конструктивна, работна атмосфера, со консензуален став на учесниците за потребата од регулирање, односно дорегулирање на односите во Законодавниот дом, рече претседателот на Собранието Талат Џафери од Охрид, каде во тек се разговорите на претставници на парламентарните партии во македонското Собрание во рамки на процесот „Дијалог Жан Моне“ инициран од европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан.

– Темите на дискусија се најавените – потребата од измени и дополнувања на Деловникот и носењето на етички кодекс, со додадени прашања на она што во други форми веќе е разговарано, а тоа е поголема самостојност и независност на Собранието. Претпладнево имавме плодна дебата за Кодексот и мислам дека таа е завршена по однос текстот изготвен со поддршка на ЕУ и очекувам да резултира со консензуално негово донесување како водилка во однос на однесувањето на пратениците во и надвор од Собранието – рече Џафери нагласувајќи го тоа прашање од особена важност за враќањето на довербата во институцијата пратеник.

Дијалогот во Охрид е предвидено да биде заокружен со заклучоци што ќе бидат презентирани на вечерата на која е најавено присуство и на лидерите на парламентарните политички партии, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи, Зијадин Села од Алијансата на Албанците и од Беса Билал Касами. Пред нив е предвидено да се обрати и Сергеи Станишев, претседател на партијата Европски социјалисти.

Како вовед во дијалогот синоќа се одржа и вечера за учесниците во разговорите, на која европратеникот Иво Вајгл рече дека средбите се со цел во отворена атмосфера без присуство на јавноста да се разговара за сите проблеми за кои можеби не е постигнат консензус.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...