!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Локалитетите за спортско качување ќе се користат за привлекување туристи


Скопје, 15 септември, 2017 - 10:02 (META) 

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во соработка со Македонската спортско-качувачка федерација ќе го промовира авантуристичкиот туризам во земјава преку спортското качување.

За подобрување на условите на качувачките локалитети кај Матка, Маврово и кај Кадина во близина на Скопје, поставени се добро оклинчени спортско-качувачки насоки и сидришта, обележани и лесно достапни за секого.

„Туристичките трендови се во прилог на Македонија и на регионот, а создавањето и одржувањето на локални продукти се квалитетен и автентичен начин да се промовира уникатното од земјите. Туристите кои практикуваат авантуристички туризам се почитувани патувачи и се многу повредни за лакалната економија. Важен е податокот дека 74 проценти од финансиските средства кои ги трошат остануваат кај локалното население, за разлика од другите туристите кои патуваат организирано“, изјави директорот на АППТ, Александар Донев.

Според претседателот на Македонска спортско-качувачка федерација, Владимир Трповски, спортските качувачки клубови имаат активни членови со професионални инструктори на вештачки и на природни карпи.


Четворица загинати при пад на француски полициски хеликоптер


Париз, 20 мај, 2016 - 20:47 (META) 

Четворица припадници на француските специјални сили загинаа при уривање на хеликоптер во југозападна Франција.

Хеликоптерот удрил во карпа во близина на местото Котрет при што загинаа сите четири членови на екипажот, односно пилотот, копилотот и двајца спасувачи.

Причината за несреќата се уште не е позната.

Премиерот Мануел Валс преку „Твитер“ изрази сочуство до семејствата на загинатите.


Патнички воз удрил во карпа на пруга на релација Битола – Скопје


Скопје, 29 декември, 2015 - 13:34 (META) 

Патнички воз, кој сообраќал на релација Битола – Скопје, утрово, околу 4.45 часот, удрил во карпа која била на пругата, информираат од МВР.

Според полицијата, возот наишол на карпата на делот од пругата меѓу железничкото стојалиште Согле и железничкото стојалиште Теово.

Во случајот нема повредени патници и возен персонал. Според МВР, карпата која се нашла на пругата била најверојатно од одрон.

Надлежните извршиле увид на местото на настанот, а железничкиот сообраќај на релација Битола – Велес и во обратен правец била во прекин 0д 4.45 до 10.15 часот.


Професори од Оксфорд ќе го истражуваат локалитетот Костоперска карпа


Куманово, 20 март, 2015 - 19:18 (META) 

Професори од Англија, од Универзитетот „Саутемптон“, Единбург, Оксфорд, ќе го истражуваат локалитетот Костоперска карпа.

Како што најави директорката на Музејот во Куманово, Анита Цветановска, проектот ќе трае наредните четири години, а добил поддршка од Управата за заштита на културното наследство и од Министертвото за култура.

– Фокусот е ставен на регионот на Костоперска карпа во Младо Нагоричане, познат уште како Жеглиговски камен или Мала Света Гора. Таму, според нашите археолози, има најмалку три населби и остатоци од повеќе од 20 цркви – рече Цветановска.