„Сони“ претстави часовник со е-хартија

Компанијата „Сони“ разви часовник направен од електронска хартија (е-хартија), која е составен дел од иницијативата за користење материјали за модни производи.

Е-хартијата е технологија на приказ на дисплеј кој го имитира изгледот на мастилото на хартија. За разлика од обичните компјутерски екрани, кои користат заднинско оствелување за да ги осветлат пикселите, е-хартијата рефлектира светло како обична хартија.

Името на часовникот е „фес вотч“ (Fes watch) и го отсликува минималистичкиот монохромен дизајн на кој му недостигаат сите карактеристики на паметен часовник, а батеријата трае околу 60 дена.

– Уредот е ретро и „кул“ – изјави Стјуард Мајлс, експерт за уреди од страницата „Покет-линт“, кој додаде дека 2015 година ќе биде во знакот на технологиите кои ги обликуваат модните трендови.

Сони го држеше во тајност „фес воч“ за да го користи во промоција на секторот „Фешн етнертејмент“.