Русија не се откажува од Крим и од Севастопол

Можноста Русија да се откаже од Крим и од Севастопол е целосно отфрлена, а притисокот со санкциите кон Москва е залуден, рече денеска претседателот на руската Дума, Сергеј Наршикин.

– Многумина велат дека санкциите ќе бидат укинати доколку Русија се откаже од Крим и од Севастопол. Со тоа ќе ги издадеме оние кои верувале во нас. Таа можност е целосно отфрлена. Нема да отстапиме од избраниот пат и притисокот врз нас е залуден – рече Наришкин.

Тој истакна дека поради санкциите, бројни странски државјани биле принудени да ја напуштат Русија поради намалување на соработката, затворањето компании и губење работа.

– Тоа се влијанијата на политиките на земјите што се приклучиле кон санкциите. ЕУ е под притисок на САД и самата си стрелала в нога. Нашите странски партнери тврдоглаво продолжија со својата политика, но мораа да увидат дека нема да ја постигнат саканата цел – додаде Наришкин.