Русија ја зајакна контролата на прехранбени производи од Турција

Русија одлучи да ја заостри контролата на прехранбените производи увезени од Турција, поради кршење на санитарните норми, соопшти денеска руското Министерство за земјоделство, два дена по уривањето на рускиот борбен авион на турско-сириската граница.

Министерот за земјоделство, Александар Ткачев, изјави дека некои турски произведувачи не ги почитуваат руските санитарни норми и додаде дека тоа се однесува на околу 15 отсто од земјоделските производи што ги увезува Русија.

Ткачев рече дека во турските производи се пронајдени „штетни и забранети супстанци“, како што се прекумерни дози пестициди и нитрати.

Руската влада ѝ наложила на агенцијата задолжена за санитарна безбедност да ја заостри контролата на турските прехранбени производи на границата.

Турција е еден од главните снабдувачи на Русија со овошје и со зеленчук.