Русија: Имаме право да испратиме нуклеарно оружје на Крим

Една година откако Крим се присоедини со Русија, официјална Москва тврди дека има целосно право да испрати нуклеарно оружје на Крим.

„Не знаеме за никакви планови, но, во принцип, Русија тоа може да го направи. Не знам дали има таму во овој момент некакво нуклеарно вооружување“, соопштија од руското министерство за надворешни работи.

Црноморското пристаниште Севастопољ значително е поблизу со централниот дел Европа од кое било друго пристаниште под контрола на Москва.