Почина најстарата жена на светот, шест дена откако ја освои титулата

Американката Гертруд Вивер шест дена ја носеше титулата најстара жена на светот, откако минатата недела почина 117-годишната Мисао Окава.

Вивер почина синоќа како последица на воспаление на белите дробови во здравствениот центар во Арканзас, а освен тоа што кратко време беше најстарата жена на светот, таа беше и најстарата Американка. Таа својот 117. роденден требаше да го прослави на 7 јули, а на прославата беше поканет и американскиот претседател Барак Обама.

Администраторот на старечкиот центар во кој живеела Гертруд, за медиумите изјави дека Вивер била воодушевена од вниманието што последните денови го добивала како најстаро лице на светот.

По Вивер, титулата најстара жена на светот ја презеде уште една Американка, 115-годишната Џералин Тали.