Наградата „Струшко изгрејсонце“ за Ели Маказлиева

Традиционалната награда „Струшко изгрејсонце“ за книга за деца и за млади од македонски автор, годинава ја доби писателката Ели Маказлиева за книгата „Весели песни со букви лесни“.

Ели Маказлиева е автор на голем број изданија за деца и за млади и главен и одговорен уредник на списанието за најмладите „Смешко“.

Наградата „Струшко изгрејсонце“ ја доделуваат издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.

Досегашни добитници на наградата се писателите: Киро Донев, Панде Манојлов, Петко Шипинкаровски, Добре Тодоровски, Трајче Кацаров и Васил Тоциновски.