Надворешниот бруто-долг на државата изнесува 6,185 милијарди евра

Надворешниот бруто-долг на државата изнесува 6,185 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народна банка.

Надворешниот бруто-долг на државата во последниот квартал од 2014 година изнесувал 5,954 милијарди евра и во споредба со првиот квартал од 2015 година имаме зголемување на долгот од 230.800.000 евра.

Во овој долг се вбројуваат долговите на државата, кои се најголеми и изнесуваат 2,020 милијарди евра, а потоа следуваат долговите на централната банка, депозитните институции и на други сектори.