Москва ја зајакнува балтичката флота во Калининград

Русија ќе ја зајакне својата балтичка флота во руската енклава Калининград, со уште два мали воени брода вооружени со проектили со долг дострел, за да возврати на вознемирувачкото зајакнување на силите на НАТО во тој регион, објави рускиот весник „Известија“.

Москва официјално не ја потврди оваа информација, но веста ги засили тензиите во Балтичкиот Регион, каде ситуацијата е затегната откако Русија во 2014 година го анкетираше Крим.

Се очекува веста за зајакнувањето на балтичката флота да предизвика особена загриженост во Полска и во Литванија, кои на копно се граничат со Калининград.

Наведувајќи воен извор, „Известија“ пишува дека бродовите „Серпуков“ и „Зелен дол“ веќе влегле во Балтичкото Море и оти наскоро ќе станат дел од новоформираната дивизија.