ЈСП воведува бесплатен превоз до Македонско село за викенди и празници

ЈСП Скопје, со одлука на Советот на Град Скопје, воведува бесплатен превоз на патници на автобуската линија број 28 од Транспортен центар до Нерези, (Македонско село), информираат од претпријатието.

Превозот ќе биде бесплатен со цел, како што велат од ЈСП, промовирање на градските историско-културни знаменитости. Бесплатниот превоз ќе важи за деновите од викендот и во денови на државен празник.

„Истовремено, донесена е одлука автобуските линии со број 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и број 25Б (Дом на печат – Средно Водно) да станат дел од редовниот линиски превоз, покрај линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно) која веќе извесен период е редовна автобуска линија. Во изминатиов период 25А и 25Б функционираа како пробни линии. Превозот на посочените линии како и досега ќе биде бесплатен за време на викенд и државен празник“, се вели во соопштението.