За едно деноноќие – пет пријавени случаи на семејно насилство

Жртви на насилство биле две сопруги, ќерка, син и вереница

Извор на фотографија: Photo by MART PRODUCTION: https://www.pexels.com/photo/a-person-with-bruised-lips-7699317/

Во текот на последниве 24 часа полицијата регистрирала дури пет случаи на семејно насилство, покажуваат податоците од полицискиот билтен.

Вчера во 12.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода С.С.(61) од пробиштипско, постапувајќи по пријава од неговата 34 – годишна ќерка, која изјавила дека тој физички ја нападнал во семејниот дом.

Денеска во 03.40 часот во СВР Скопје, 44 – годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг Ш.М.(37). Вчера во 20.40 часот, пак, во СВР Скопје, 19 – годишна жена пријавила дека во дворот на семејната куќа на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот вереник Л.Џ.(20).

Денеска во 02.30 часот во СВР Штип, 29 – годишна жена пријавила дека на 11.08.2024 околу 02.00 часот во штипско била физички нападната од нејзиниот сопруг С.К.(36).

Четириесет и четири годишен маж од Скопје пријавил дека на 14.08.2024 во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата мајка И.Е.

По целосно документирање на случаите, полицијата најавува дека ќе следуваат соодветни поднесоци.