За една недела 131 нов случај на ковид-19

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Во последната недела, регистрирани се 131 случај на ковид-19 во земјава, од тестирани 379 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање, соопштува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје, Охрид, Тетово и Кавадарци.

„Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Со статус „оздравени“ минатата недела се стекнале 194 лица. Во текот на минатата недела не се пријавени починати лица асоцирани со ковид“, информира ИЈЗ.

По период на многу слаба активност, се детектира зголемена активност на SARS-CoV-2 во рамките на европскиот континент, вклучително и во Р.С. Македонија. Лицата на возраст од 60 години се со најголем ризик од тешка болест. Хоспитализациите на лица со потврден ковид-19, приемите во интензивна нега и смртните случаи остануваат на ниско ниво.