Возач загина откако со автомобилот слетал во река кај Колари

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, автомобил марка „форд“ со скопски ознаки изгубил контрола на патот и се превртел, па паднал во река

Фото: David von Diemar on Unsplash

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера околу 18 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар кај селото Колари, во која животот го загубил скопјанец, откако со возилото што го управувал излетал од патот. Во сообраќајката со тешки повреди се здобила малолетна сопатничка, која во моментот е на лекување во болница.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, автомобил марка „форд“ со скопски ознаки изгубил контрола на патот и се превртел, па паднал во река. Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кичево.