Владините мерки и препораки за заштита од високите температури ќе важат и утре

Мерките предвидуваат ослободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години

Извор: Image by Gerd Altmann from Pixabay

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за продолжување на дополнителните мерки за превенција поради топлотниот бран и за четврток.

Мерките предвидуваат ослободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години за ден 15.08.2024 година (четврток).

Во истиот период, работодавачите треба да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

„Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област“, велат од Владата.

Во установите за згрижување на децата (градинки) се препорачува да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Воедни, единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран се повикани да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.