Тим на ММФ во посета на Македонија

Од утре до 8 јули, тим на Меѓународниот монетарен фонд, предводен од Џесмин Рахман, ќе претстојува во Скопје. Посетата е за спроведување на Годишниот преглед на економијата во Македонија.

Како што соопштуваат од ММФ, на крајот ќе се соопштат прелиминарни оцени, а ќе се подготви извештај за кој ќе се дискутира на состанок на извршниот одбор на ММФ.

Посетата е дел од редовните активности на ММФ за следење на економијата во сите држави-членки.