fbpx
Таг: Порталб

таг: Порталб

Тетовци се жалат на нечисти улици, за власта состојбата е задоволителна

Граѓаните на Тетово се жалат дека споредните улици во градот не се мијат и чистат колку што е потребно, а локалните власти велат дека улиците се одржуваат секој ден и нивната состојба е задоволителна. Граѓаните коишто ги контактира „Порталб.мк“, велат дека споредните улици се нечисти поради ниското ниво на одржување од страна на властите, но и поради жителите, кои фрлаат...

Владата на Груевски потрошила најмалку 19 милиони евра за книги што не се користат (2 дел)

Илјадници лошо преведени книги од помпезно насловениот проект на владата на Груевски „1.050 книги“ скапуваат по влажни магацини. Деветнаесет милиони евра завршија во темните депоа во Скопје и Гостивар. „Порталб.мк“ влезе во мемливите депоа полни со лошо преведени и преплатени книги за коо никој сега не презема одговорност и нема идеја што да прави. Автор: Фатбарда Цури 1-от дел од сторијата. Лошиот...

ВМРО-ДПМНЕ и партиите на Албанците не коментираат за „Илинденска Македонија“

ВМРО-ДПМНЕ нема информации околу процесот што го води Владата и несериозно е сега да лицитира, вели директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, во изјава за „Порталб“. Вчеравечер и денеска многу медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори, напишаа дека решението за кое македонскиот премиер Зоран Заев и грчкиот Алексис Ципрас констатирале дека е обострано прифатливо, е Република Илинденска...

Стејт департментот виде потчинети медиуми, напади врз новинари и недоверба на јавноста

Бројни проблеми со закани и напади со новинари, медиуми потчинети на политиката и економските интереси и недоверба на јавноста во медиумите се дел од крупните проблеми што ги нотира извештајот за состојбата со човековите права за 2017 година за Македонија, подготвен од Стејт департментот на САД. „Уставот обезбедува слобода на изразување, вклучително и на медиумите, но владиниот притисок на медиумите,...

Нема преголеми очекувања од Анкетната комисија за смртта на малиот Алмир

Формирањето на Анкетна комисија во Собранието за случајот со смртта на 4-годишниот Алмир Алиу нема да предизвика значителен напредок, велат експерти за „Порталб“. Иницијативата дојде вчера од пратеничката група на ДУИ по средбата со дел од семејството на Алмир и нивниот адвокат, при што меѓу двете опции - интерпелација на главниот јавен обвинител Љубомир Јовевски и формирањето Анкетна комисија -...

Советот за етика во медиумите утврди дека МТВ2 „позајмила“ текст од „Порталб“

Извршната канцеларија на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) оцени дека вториот канал на „Македонска телевизија“ ги повредил авторските права на порталот „Порталб“, преземајќи негов текст без притоа да го посочи изворот. Одлуката е објавена денеска на веб-страницата на СЕММ. Пред еден месец, жалба до СЕММ поднел новинарот Суад Бајрами, наведувајќи дека телевизискиот прилог со наслов „ИЈЗ за водата во...

Петте кандидати за Гостивар ветија транспарентност и решенија за проблемите

На дебатата од карванот „Живот во Македонија“ (#Debatpernime), кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“, „Вистиномер“ и телевизијата „Арт“, во Гостивар петте кандидати за градоначалник на општината, секој посебно, ветија решавање на сите проблеми на граѓаните. Во дебатата водена од новинарката Јета Џара, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Асаф Адеми од Беса, Невзат Бејта од ДУИ, Себајдин Изири од ДПА и...

Кандидатите за градоначалници ветуваат препород за Сарај

Со буџет на Општина Сарај од 20 милиони евра, кога би застанале на челото на општината, четворицата кандидати за градоналник на оваа општина, ветуваат дека ќе направат многу. Така кажаа на вчерашната дебата од дебатниот карван „Живот во Македонија“ (#Debatpernime), кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“, „Вистиномер“ и телевизијата „Арт“. Башким Бакиу од Беса, Блерим Беџети од ДУИ, Екрем Алија од Алијанса...

Градоначалничките кандидати за Струга за проблемите со водата и во сообраќајот

Лавдрим Елмази од Беса, Васил Ашталкоски од СДСМ и Зијадин Села од Алијанса за Албанците на вчерашната дебата на дебатниот карван „Живот во Македонија“ (#Debatpernime), кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“ и „Вистиномер“, порачаа дека имаат решенија за најгорливите проблеми на Струга. Понудија неколку решенија за кои ветуваат дека ќе ги реализираат ако граѓаните им ја дадат довербата и освојат...

Градоначалничките кандидати за Тетово ветуваат решавање на сите проблеми

Ветувајќи целосна транспарентност и посветеност на доброто на граѓаните, кандидадите Албанци за градоначалници на општина Тетово во вчерашната дебата на дебатниот карван „Живот во Македонија“ (#Debatpernime), кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“ и телевизијата „Арт“, порачаа дека ако го освојат мандатот, конечно ќе прекине легализирањето дивоградби, урбаниот и сообраќајниот хаос и дека ќе го надминат проблемот со водоснабдувањето. Теута Арифи, досегашен...

Денеска на „Порталб“ дебата на кандидатите за градоначалници на Тетово

Дебатниот карван „Живот во Македонија“, кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“ и телевизијата „Арт“, по вчерашната дебата на која за своите програми зборуваа кандидатите за градоначалници на општина Чаир, денеска ќе биде во Тетово. Пред тетовци на дебатата за своите планови ќе зборуваат кандидатката на ДУИ, актуелната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, потоа Аднан Незири, кандидат на Алијанса за Албанците, Бардил Даути...

Проширување на улиците и повеќе зелени површини во Чаир ветија кандидатите

Во телевизиската дебата „Живот во Македонија“, која ја организираа „Порталб“, „Калѕо“ и телевизијата „Арт“, четирите кандидати Албанци за градоначалници на општина Чаир, ветија дека во рамките на мандатот би граделе нови паркиралишта и би проширувале улици, а не би дозволиле дивоградби. Велат и дека ќе го сопрат претераното градење и воопшто нема да толерираат градење на зелените површини. Идриз Орана...

ЗНМ ги осудува заканите за „Порталб“ и нападот на екипата на „Телевизија 24“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро ги осуди најновите напади и закани против новинари, кои се случија минатата недела. Здружението порача оти овие сериозни инциденти покажуваат дека насилниците не се обесхрабрени од промената на власта и ѝ порача на новата власт дека вистинската реформа на медиумите ќе почне дури кога ќе престанат нападите врз новинарите, што може да...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...