fbpx
Таг: дезинформација

таг: дезинформација

Познат хрватски новинар лажно претставен како иселеник кој избегал од корупцијата

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

„Синот“ на Марија Шерифовиќ лови кликови

Босанскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Raskrinkavanje.ba“ разоткри еден тренд на некои сајтови, кои лажат во насловите за да привлечат читаност, притоа користејќи го името на српската пејачка Марија Шерифовиќ. Станува збор за наслови за некаков „син“ на Шерифовиќ, иако е познато дека таа нема син. Целата приказна почнува уште во 29 јули 2017 на порталот на...

Бугарите од Скопје го фатија во лага „Телеграф“ дека е скршена спомен-плочата на Мара Бунева

Целосно лажна вест дека наводно повторно била скршена спомен-плочата на Мара Бунева, објавена во бугарскиот весник „Телеграф“ разоткри Лазар Младенов, претседателот на Управниот одбор на Бугарски културен клуб Скопје. Тој на својот Фејсбук-профил објави фотографија од вест објавена вчера на 8-та страница од бугарскиот весник „Телеграф“ која освен што носи наслов „Пак ја скршија плочата на Мара Бунева“, почнува со...

Бугарски „Стандарт“ со „исплашен“ наслов за реакциите на Заев и Димитров на негаторството од БАН

Бугарскиот весник „Стандарт“ објави на својата веб-страница денеска текст со наслов „Нè плашат со крај на пријателството со Македонија“, со кој е озаглавен текст за реакциите на министерот Никола Димитров и премиерот Зоран Заев на потегот на Бугарската академија на науките (БАН) да нагласи дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. На едно место во текстот на „Стандарт“ се наведува...

Норвежанец од Орегон со лепра од мачор го запалил Куранот, проверено од Индонезија во БиХ

„Раскринкавање“, сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите од Босна и Херцеговина истражи и оповргна една невистина што станала многу вирална на социјалните мрежи и била објавена на еден портал, а во себе носи елементи на ширење религиска нетрпеливост. Станува всушност збор за фотографија од човек во болнички кревет во тешка состојба, за која порталот „Сазнајемо“ и некои...

Договорот од Нуи можеби „одзел“ Бугари на Царството Бугарија, но не само „Бугари“

Во текст посветен на стогодишнината од потпишувањето на Мировниот договор од Нуи-сур-Сен, со кој на 27 ноември 1919 година Бугарија од една страна и силите на Антантата од другата го означуваат крајот на меѓусебното војување во Првата светска војна, минатата седмица бугарскиот портал „Топ Новини“ излезе со неколку дезинформации што се однесуваат на Македонија и на македонската историја. Покрај репарацииите...

Сликата со кучето за земјотресот е стара не е од Албанија

Медиумите во Македонија со сензационализам известија за земјотресот во Албанија. Најочигледен случај беше оној со фотката со кучето, што се покажа како лажна. BASHKE.TV:„Фотографија која ги расплака сите, кучето не се тргнува од телото на сопственикот кој се наоѓа под урнатините“. Најсензационалистичко беше известувањето на порталот на политичката партија  Демократската унија за интеграција, кој фотката со кучето ја опиша како „трогателна слика“. „Трогателна слика денес кружи...

Твитер-фалсификат за сеење омраза и уривање личен углед

Веб-страницата „Сигнал“ со објавувањето на материјалот ставен под наслов „Борјан Јовановски до Макрон: Француски гнаси цигански цркнете! (ФОТО)“, пласираше фалсификат и создаде груба дезинформација, оценува „КриТинк“. Станува збор за наслов, една портрет-фотографија, еден наводен скриншот со две реченици со напад и лажно тврдење – и толку. Но, во овие елементи се вградени фалсификат и говор на омраза, а проблемот со...

Алaѓозовски: Трошоците се од бифето на Министерството за вода и кафе за сите гости

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, вели дека неговите лични трошоци за шестте месеци додека е министер, не надминуваат 6.000 денари месечно. Како што изјави тој денеска, дезинформација е веста дека потрошил речиси 9.000 евра за угостителски услуги. Тој посочи дека во наведениот износ не се издвоени неговите лични трошоци. - Расчленетите ставки од алатката за транспарентност беа прикажани како групен...

ВМРО-ДПМНЕ манипулира, сите амандмани се архивирани од службите, велат од Собранието

Собранието денеска ги демантираше тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и пишувањата на дел од електронските медиуми за наводно фрлени амандмани на Законот за употреба на јазиците, поднесени од пратениците на опозициската партија. „Според утврдената фактичка состојба, наводите изнесени на денешната и синоќешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ се обид за груба манипулација со јавноста и дискредитација на Службата на Собранието. Како законодавен дом...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...