Сирија: Уапсен роднина на Асад

Сириските власти уапсиле роднина на претседателот Башар ел Асад поради сомнеж дека со огнено оружје убил воен офицер додека претекнувал во сообраќај, поради што се организирани протести во крајбрежното упориште на семејството на Асад.

Гувернерот на Латакија, Кодр ел Салем, рекол дека синоќа е уапсен Сулејман Асад и додаде дека против него ќе бидат применети законски мерки како во кој било друг случај.

Сулејман Асад два дена бил во бегство, откако го убил воениот офицер.

Повеќе од 1.000 лица се собраа на протести во Латакија поради убиството, барајќи го избеганиот Сулејман Асад.