Шест кратки и долгометражни филмови прикажани на фестивалот „Преку езерото“

На официјалното отворање на филмскиот фестивал „Преку езерото“ вчеравечер беше доделена единствената награда „Мето Јовановски“

Фото: „Преку езеото“

На четвртата вечер од филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран, беa
проектирани шест кратки и долгометражни филмови. На самиот почеток беше прикажан „Дали си маж“ – краткиот македонски филм на Ѓорче Ставрески по што публиката имаше можност да постави прашања директно до режисерот. Беше проектиран и долгометражниот филм „Сребрен бунт“ од израелски режисер Дан Шадур и „Човекот кој не можеше да молчи“ на хрватскиот режисер Небојша Слијепчевиќ.

Публиката го погледна и грчкиот филм „Тишина 6-9“ на Христос Пасалис, како и 13-
минутната „Балада“ на Кристофер Нилсон од Франција. „Волкот и мачката“ на
Жан-Себастијан Бернар од Франција беше последниот краткометражен филм
проектиран вечерва на „Преку езерото“.

На официјалното отворање на филмскиот фестивал „Преку езерото“
вчеравечер беше доделена единствената награда „Мето Јовановски“ –
магот на македонското и балканското филмско мајсторство, актерот кој мината
година ја одигра својата последна улога.

Со проекции на пет долгометражни филма, од кои четири играни и еден
документарен, фестивалот, кој е единствен од ваков вид во Македонија, нуди
програма за сечиј вкус, на отворено, на брегот на Дојранското Езеро.
Во продолжение програмата за финалната вечер на „Преку езерото“ ќе биде прикажан српскиот филм „Ѕвездена“ на Александра Лазаровски како и „Хотел Пула“ на Андреј Коровљев, Хрватска. На крај ќе бидат доделени фестивалските награди како и грантовите за дипломски студентски филмови.