Седми обид за избор на нов претседател на Уставен суд

Во седницата во четврток и во нејзиното продолжение во петок имаше шест неуспешни обиди да се изгласа наследник на досегашната претседателка Добрила Кацарска, чиј мандат истече вчера

Фото: Мета.мк

Денеска повторно ќе се гласа за нов претседател на Уставниот суд, по шесте неуспешни обиди на седницата во четврток и на нејзиното продолжение во петок.

Судиите на Уставниот суд гласаа меѓу кандидатките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева, но ниедна од нив не го доби потребното двотретинско мнозинство.

Тригодишниот мандат на досегашната претседателка Добрила Кацарска ѝ истече вчера. Покрај неа и двете кандидатки, другите активни судии во Судот се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Елизабета Дуковска и Јадранка Дабовиќ Анастасовска.

Според Деловникот, секој судија има право да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд. Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд е потоа утврден од комисија од тројца судии, избрани со мнозинство од вкупниот број на судии. Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува.