Се заканувал со пиштол при караница за паркинг, полицијата го привела и му го одзела оружјето

При приведувањето на А.А., како што велат од полицијата, бил пронајден и одземен пиштол од типот кубура, додека подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, каде што биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава“ калибар 7.62мм

Фото: Sakiruze, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Средовечен маж (51) со иницијали А.А. од тетовско бил приведен откако полицијата му пронашла два пиштоли – една кубура и една „Црвена Застава“ со калибар од 7.62 милиметри. На претресот во неговиот дом му претходела расправија на А.А. со 54-годишниот Н.А. од Мала Речица околу паркинг на возила. Според МВР, расправијата се случила вчера утрото, колу 8:50 часот во Тетово.

При приведувањето на А.А., како што велат од полицијата, бил пронајден и одземен пиштол од типот кубура, додека подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, каде што биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава“ калибар 7.62мм, две рамки за пиштолот и 46 куршуми калибар 7.62мм.

„Лицето по претресот било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.