Приведен дрвокрадец во Скопје

Се утврдило дека 49-годишното лице И.А. вршело нелегален транспорт на нежигосани огревни дрва, со истечена регистрација на возилото и без важечка возачка дозвола

Фото: Antony Trivet from Pixabay

На магистралниот пат за граничниот премин Долно Блаце бил лишен од слобода 49-годишниот И.А., соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое осомничениот го управувал, било утврдено дека тој врши нелегален транспорт на нежигосани огревни дрва, со истечена регистрација на возилото и без важечка возачка дозвола“, соопшти МВР.

Возилото и дрвата биле одземени, а осомничениот бил приведен и предаден во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.