Манчевски и Милевски се сретнаа со Кадик

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, и претседателот на ЛДП, Горан Милевски, денеска се сретнаа со Даниел Кадик, директор на Фондацијата „Фридрих Ноиман“ за Југоисточна Европа.

На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација. Било заклучено дека во земјата се нарушени демократските процеси и човековите права од недемократското владеење на власта, а доказ за тоа бил процесот што го води СДСМ, „Вистината за Македонија“.

Манчевски истакна дека поддршката од меѓународната заедница во овој процес е од исклучителна важност и дека враќањето на слободата и на демократијата се основните заложби поради кои опозицијата го почнала проектот „Вистината за Македонија“.