Малолетници објавувале експлицитни фотографии од нивни соученик во група на социјални мрежи

Малолетниците со закани го присилувале детето да ги прави фотографиите и видеата, кои потоа ги објавувале во групата на социјалните мрежи, соопшти МВР

Image by Marco Wolff from Pixabay

Вчера во полициската станица Бит Пазар, 37 – годишен жител на Скопје пријавил дека во текот на јуни 2024 година, неговиот син од страна на малолетници од основно училиште во кое учел, бил ставен во група на социјална мрежа со негово име, слики и видеа со експлицитна содржина.

Според пријавеното, малолетниците со закани го присилувале неговиот син да ги прави фотографиите и видеата, кои потоа ги објавувале во групата.

„Како што е пријавено, истите лица злоупотребиле и фотографија од пријавителот и неговата сопруга и без согласност ја објавиле на социјалната мрежа“, соопштуваат од МВР и додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.