Лажна пријава за бомба пред зградата на Владата за време на посетата на Урсула фон дер Лајен

Претседателката на ЕК, Урсула вон дер Лајен и премиерот Зоран Заев пред зградата на Владата | Фото: Влада на РСМ

Вчера МВР во кратко соопштение објави дека е приведен И.М. бидејќи пријавил дека има поставено бомба пред владата и ќе ја кативира при посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Пријавата се случила во 10:32 часот наутро а од МВР велат дека ги презеле потребните мерки и активности и утврдиле дека пријавата е лажна.

„Лицето е приведено и задржано во полициска станивца по насоки на јавен обвинител, за натамошна постапка“, соопшти МВР додавајќи дека лажната пријава не влијаела на посетата на претседателката на ЕК.