Филмот „Дедпул 3“ ќе се прикажува во кината од 26 јули

Deadpool and Wolverine скриншот од трејлерот на YouTube

Долгоочекуваниот хумористичен филм „Дедпул 3“ ќе започне да се прикажува во кината ширум светот од 26 јули. Успехот на првиот филм беше огромен, со што се вброи меѓу филмовите со суперхерои што заработиле најмногу пари од кино-билети.

Погледнете го официјалниот трејлер за филмот: 

Една од позитивните работи е тоа што Хју Џекмен се враќа во улогата на Вулверин. Актерот имаше изјавено дека по снимањето на филмот „Логан”, нема повеќе да го глуми Вулверин. Рајан Ренолдс и Хју Џекмен имаа задевачки кратки видеа со одличен хумор, нормално режирани и посебно се исмева „како Рајан Ренолдс го убедил Хју Џекмен да го игра повторно ликот Вулверин”:

Објавите на Youtube каналот на Рајан Ренолдс продолжија со уште повеќе хумор, и ги има во голем број поврзани и со вистински празници во вид на „видео тизери”.  

Следното видео е како „раскажуваат” за тоа, што сè ќе има во филмот.  

Исто така имаат и одличен хумор во рекламата за нарачување билети за во кино:

Најновото видео е следново: 

Филмот кој е наменет за возрасни гледачи, се очекува да биде доста успешен.