Фестивалот „Браќа Манаки“ со звучни имиња, отворањето со филм за социјални мрежи и адолесцентите

Прес-конференција за 42-то издание на фестивалот. 1 септември 2021, ИФКК „Браќа Манаки“

Битола од Од 16 до 21 септември ќе биде домаќин на најновото издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Меѓународниот фестивал на филмската камера, кој е еден од елитните балкански филмски фестивали, годинава традиционално ќе понуди звучни имиња.

Иако ќе се одржи хибридно, фестивалот сепак ќе понуди голем број филмски дела, со програма од 10 долгометражни филмови и 10 кратки филмови.

Фестивалот ќе биде отворен со проекција на македонскиот филм „Сестри“ (Sisterhood). Фестивалската публика во Битола, ќе биде првата која ќе го погледне филмот, кој туку што учествуваше на еден од најпрестижните филмски фестивали во светот –
Карлови Вари, освојувајќи ја „Специјалната награда од жирито“ во програмата
„Источно од западот“. Ова е прв долгометражен филм на режисерката Дина
Дума и кинематогаферот Наум Доксевски и филмот влегува во официјалната
конкуренција за наградата „Златна камера 300“ на 42. ИФФК „Браќа Манаки“

Под мотото „И покрај сѐ, отворањето на фестивалот „Браќа Манаки“ ќе се одржи во Пациото на Музејот во Битола.

Ддиректорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Дамевски, соопшти дека добитникот на главната награда – „Златна камера 300“ – годинава ќе го добие австрискиот кинематографер Кристијан Берген, кој е познат по неговиот систем на осветлување кој е негов изум и кој ќе биде презентиран на Фестивалот, а Андреј Кончаловски е годинешен лауреат на специјалната награда „Камера 300“.

Актерот Бајрам Северџан, најпознат по филмовите „Црна мачка, бел мачор“ на Емир Куструрица, „Трето полувреме“ на Дарко Митревски и „До балчак“ на Столе Попов, е добитник на Големата ѕвезда на македонскиот филм, награда која ја доделува Друштвото на филмски професионалци (ДФРМ).

Буџетот на Фестивалот е намален за 30 отсто. Во официјалната селекција, зад која стои Слаѓан Пенев, ќе има 10 долгометражни филмови, а во кратката, по избор на режисерот Даријан Пејовски, исто така 10.

Во кратката програма македонска премиера ќе има и „Северен пол“ на Марија Апчевска, кој во јули играше во конкуренцијата за Златна палма во Кан.