Екстензивниот Free Trial на Final Fantasy XIV

Фото: Скриншот

Воопшто не е случајно тоа што Final Fantasy XIV е прва на листата на најдобри 10 ММО игри од IGN.com дури ја води и WoW која е на второ место. 

Играта има толку многу да понуди за нови играчи, поради екстензивниот Free Trial што служи да се испроба играта. Но се работи за многу повеќе од обичен трајл, вклучена е основната игра и првите две експанзии и може да се игра неограничено време до левел 60.

Само што во оваа игра можете да ги левелирате класите на само еден лик и буквално нема потреба од алтернативни карактери. Ова значи дека со истиот лик можете да ги играте сите класи до левел 60 со повторно левелирање, ако го смените оружјето што го користите ви се менува и класата под услов да сте почнале со квестовите. Можете со истиот лик да бидете и гладијатор со меч и штит што подоцна станува паладин, стрелец што подоцна станува бард, или пак волшебник што лечи или волшебник што нанесува штета, изборот е ваш што ќе играте и можете да менувате по желба.

За повеќето од класите почнувате од почеток но за некои класи има ограничувања на пример за да ја отклучите Нинџа класата мора прво да левелирате класа што е борец Pugilist, да стигнете до левел 15 па да одберете Rogue и таа класа да ја излевелирате до левел 30 па по серија квестови да почнете како нинџа, а ако би се префрлале подоцна на Dark Knight класата што е еден од најдобрите тенкови кои го има препознатливиот голем дворак меч за франшизата Final Fantasy би требало прво да кренете левел 50 со било која класа, па потоа да почнете од левел 30 како Dark Knight и повторно да левелирате.

Фото: Скриншот

Играта почнува полека со многу квестови за читање, а како прогресирате станува се подобра и подобра инаку на почетокот не делува како нешто посебно. Повеќето ликови со кои зборувате во квестовите ве ословуваат како “авантурист” на почетокот, што е малку без врска дека авантурист се станува после доживеана неочекувана авантура.Како и да е приказната станува се подобра и подобра со повеќе анимации и дијалози и има доза на забавен хумор. Повеќето играчи ја сакаат играта токму поради добрата приказна, затоа што по некое време соиграчите ќе ве советуваат дека еден од најбрзите начини за левелирање е да се игра главната приказна. Кога сме кај играчите, во Final Fantasy XIV повеќето од играчите се луѓе што го играле серијалот цел живот и се многу пољубезни и трпеливи од други заедници на други игри. Токму тоа е еден од факторите што луѓето ја засакуваат оваа игра, целата заедница во играта е со луѓе што се генерално фини едни со други. 

Играњето инстанци и рејдови е исто така впечатливо затоа што бара ангажираност, позиционирање и заедничка координација. Механиките за игра се супер сработени и самите инстанци се забавни, а има и одредени тренинг квестови за секоја улога и покрај тоа ако не знаете нешто за својата класа а играте инстанца самите играчи ќе ви кажат каде грешите без дополнителни нервози или навредувања, што им е многу чудно на повеќето луѓе затоа што се навикнати на други игри каде тоа се случува целовремено. 

Ако сакате добра игра за промена, можете неограничено да уживате во овој Free Trial каде има содржина за преку 200 часови играње. Додека остатокот од играта, другите експанзии над левел 60 се купуваат и се игра со месечна претплата. Така што не се исплатува да ја купите играта пред да го изиграте Trial-от до максимум. Ако навлезете во играта нема да ве разочара туку ќе ве воодушеви и ќе ви даде многу забава.v