Бруто-додадената вредност во земјоделството во 2014 година изнесува 50,6 милиони денари

Бруто-додадената вредност во земјоделството во 2014 година изнесува 50.610.000 денари и во однос на 2013 година бележи номинален раст од 1,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Растителното производство во 2014 година, кое во вкупното производство учествува со 69,5 отсто, бележи раст од 1,8 отсто во однос на 2013 година.

Вредноста на добиточното производство, кое во вкупното производство учествува со 21,4 отсто бележи пад за 0,5 отсто во однос на 2013 година.