Денеска сончево и топло

Денеска времето ќе биде сончево, со температура од -3 до 7 Целзиусови степени. Во утринските и во раните претпладневните часови, облачно ќе биде во југозападните, јужните и во југоисточните предели, каде што попладне ќе биде претежно сончево и топло.

Во другите предели во текот на целиот ден ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11, односно до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе биде 4 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 17 степени.