Сончево време со умерена облачност и температура до 33 степени


Скопје, 6 септември, 2018 - 9:13 (META) 

Времето во Македонија ќе биде сончево, со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Дневната температура ќе изнесува меѓу 21 и 33 Целзиусови степени.

УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе се искачи до 30 Целзиусови степени.

Во следните два дена ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Во попладневните часови во планинските предели не е исклучена можноста за краткотраен дожд.

В сабота кон крајот на денот и в недела ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд и грмежи.


Сончево време со умерена облачност и ветер


Скопје, 19 јули, 2018 - 9:21 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови, додека во крајните североисточни делови е можен краткотраен дожд.

Утринската температура се движеше од 11 до 20 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 22 и 30 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично време, со температура од 11 до 27 Целзиусови степени.

Во наредните денови во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време, а до петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер.

Локално се уште ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. В сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела попладне и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси.


Денеска умерено облачно, со услови за краткотраен дожд


Скопје, 10 јули, 2018 - 9:11 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно, во северните делови со услови за краткотраен дожд попладне. Ќе дува умерен северозападен ветер. УВ индексот ќе биде 8.

Утринската температура се движеше од 9 до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 17 и 31 степени.

Во Скопје ќе биде облачно. Ќе дува умерен северозападен ветер. УВ индексот ќе биде 8. Утринската температура достигна до 16 Целзиусови степени, а дневната температура до 28 степени.

Од вечерва следува период на претежно стабилно и потопло време, освен в петок, кога во попладневните часови на север ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.


Времето денеска облачно со повремен дожд


Скопје, 26 јуни, 2018 - 9:00 (META) 

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Во јужните делови од државата се очекуваат пообилни врнежи. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер, особено на запад и североисток.

Утринската температура се движеше од 9 до 18 Целзиусови степени, а  дневната ќе изнесува меѓу 15 и 22 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје, слично време со повремен локален дожд и ветер од североисточен правец. Утринската температура се спушти до 15 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

До четврток времето ќе биде претежно облачно и посвежо, со врнежи од дожд. Најобилни врнежите ќе бидат во јужните и југоисточните делови, каде од целиот бран на повеќе места се очекува да наврнат над 50 л/м2, а локално и над 75 л/2 дожд.

Од петок се најавува посончево време со значителен пораст на дневната температура


Времето преку денот прoменливо облачно, попладне дожд со умерен ветер


Скопје, 25 јуни, 2018 - 9:23 (META) 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, од пладне и особено на запад и југозапад со врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе се движи во интервалот од 7 до 16 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени. УВ индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе биде 12 Целзиусови степени, а дневната 23 степени.

Според УХМР, од утре до среда нашето подрачје ќе биде под циклонско влијание и ќе услови претежно облачно и посвежо време, на повеќе места со пообилни врнежи од дожд, особено во западните и јужните делови на земјава (локално над 50 л/м2 воден талог).


Првиот ден на летото сончев со умерена облачност, на западот попладне невреме


Скопје, 21 јуни, 2018 - 9:18 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови значително облачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи.

Утринската температура се движеше од 14 до 19 Целзиусови степени, а  дневната ќе изнесува од 21 до 34 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Македонија и на северната хемисфера денеска почнува летото, а истовремено на јужната хемисфера настапува зимата.
Летото ќе настапи во 12.07 часот. Сонцето изгреа во 4.58 часот, а ќе зајде во 20.12 часот. Денешниот, 172 ден во годината е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути.

Летото ќе заврши на 22 септември, кога ќе почне есента.


Сончево време со умерена облачност и можност за дожд


Скопје, 25 април, 2018 - 9:16 (META) 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала, попладне со умерена облачност. Локално ќе има услови за краткотраен дожд, особено на крајниот исток.

Утринската температура се движеше од 3 до 9 Целзиусови степени, а температурата во текот на денот на различни места ќе се движи меѓу 23 и 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од 9 до 29 Целзиусови степени.

Продолжува периодот на топло време, во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.


Времето умерено облачно со слаб дожд


Скопје, 8 февруари, 2018 - 9:55 (META) 

Времето во земјава денеска ќе биде умерено облачно, со слаб локален дожд во претпладневните часови, а попладне облачноста ќе се намалува. На планините ќе има слаб снег.

Дневната температура ќе се движи меѓу 3 и 15 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Дневната температура ќе достигне до 13 Целзиусови степени.

Утре во утринските часови уште ќе има локален слаб дожд, на планините слаб снег. В петок ќе има преодно стабилизирање на времето.

Нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег ќе има за време на викендот. Пообилни врнежи ќе има  сабота.


Сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер на југоистокот


Скопје, 10 декември, 2017 - 9:56 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, откако ноќеска падна снег во голем број населени места, како и првиот снег во Скопје. Утринава имаше услови за провејување на слаб снег во западните и северозападните делови од земјата.

Преку денот облачноста ќе се намалува и сончево ќе биде особено на југоистокот, каде исто така повремено ќе дува засилен северозападен ветер.

Утринската температура се движеше од -2 до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 3 и 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а дневната температура ќе се искачи најмногу до 6 Целзиусови степени.

Од утре следува период на променливо и не многу студено време, а ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а поголемо наоблачување со слаб дожд во западните делови ќе има од среда кон четврток. Ново наоблачување со изгледи за поинтензивни врнежи се очекуваат за време на следниот викенд.


Сончево и топло време, со умерена локална облачност


Скопје, 17 октомври, 2017 - 8:54 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло за овој период од годината, со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 12 Целзиусови степени, а максималната од 24 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 7 до 27 Целзиусови степени.

Периодот на стабилно, суво и топло време со позитивнa утринскa температурa ќе продолжи и понатаму. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината. Преодно наоблачување ќе има в петок, а позначителна промена на времето се очекува во почетокот на наредната недела.