„Форбс“ ја објави листата на најбогати луѓе за 2018 година


Њујорк, 7 март, 2018 - 11:36 (META) 

Престижниот магазин „Форбс“ ја објави најновата листа на најбогати луѓе во светот за 2018 година.

На оваа листа се најдоа 2.208 милијардери од кои, Амерканците предводат со 585 милијардери, по што следува Кина со 373 милијардери.

Прв на листата на најбогати луѓе во светот е основачот на „Амазон“, Џеф Безос, а на второто место е сопственикот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.


Почина Ингвар Кампрад, основачот на „Икеа“


Лајден, 28 јануари, 2018 - 14:03 (META) 

Ингвар Кампрад, основачот на шведскиот производител на мебел „Икеа“, почина на 91-годишна возраст, соопшти компанијата.

Тој важеше за еден од најбогатите луќе на светот, а според проценките на магазинот „Форбс“ неговото богатство изнесува 3,3 милијарди долари.

Кампрад ја основал „Икеа“ во 1943 година, а првиот продажен центар е отворен во 1958 година во Шведска. Седумдесетите години од минатиот век комапнијата почнува со отворање на продавници и во останатите делови на Европа и светот.

Името на компанијата е акроним од Ингвар, Кампрад, Елмтарид (семејната фарма) и Агунарид (соседното село).

„Икеа“ е позната по пристапните цени и по специфичниот дизајн на мебелот. Компанијата денес вработува 190.000 лица и има годишен промет од 38 милијарди евра.

Во 1994 година беше откриено фашистичкото минато на Ингвар Кампрад. За време на Втората светска војна тој бил член на шведска политичка партија која ги поддржувала нацистите.

Во својата книга тој призна дека тоа била една од работите во неговиот живот, поради која најмногу се срами.