Фото: Принтскрин видео

По кратко и тешко боледување почина Горан Гаврилов (54), сопственик на националното радио „Канал 77“ и основач на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија.

Гаврилов беше активен медиумски работник и член на надзорниот одбор на Советот за етика на медиумите во Македонија.

Радиото што го основаше „Канал77“ започна со работа на 4 октомври 1991 година, а четири години подоцна започна со изградба на мрежата за национално емитување.