Силен земјотрес ја погоди Костарика

Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Костарика. Засега нема информации за жртви, но е причинета материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил 43 километри од Сан Хозе на длабочина од 20 километри, соопшти американскиот Геолошки завод.

Земјотресот ги погодил руралните подрачја во близина на туристичкиот град Хака.

Националната комисија за итни ситуации на Костарика соопшти дека ја следи ситуацијата.