Почна да се продава „фолксваген е-ап“, кој минува 100 километри за 57 денари

Најекономичното возило на светскиот пазар и предвесник на иднината во автомобилската индустрија, „фолксваген е-ап“ (volkswagen e-up) од денеска е достапно и на македонскиот пазар.

Се работи за комплетно електричен автомобил кој не троши гориво и не испушта штетни гасови.

Со него може да се минат 100 километри за 57 денари, поради што е прогласен за светски шампион на полето на ефикасноста.

– Нашиот долгорочен план го почнуваме со пет целосно електрични возила од „Фолксваген“ и со тоа придонесуваме кон поздрава животна средина и максимално економична мобилност – истакна генералниот менаџер на „Порше Македонија“, Златко Муцунски, на презентацијата на електричните возила.

„Фолксваген е-ап“ е прво електрично возило на производителот од Волфсбург, кој ги поставува стандардите во издржливост на автомобилите, иновативниот дизајн и во напредните технологии кои се еден чекор пред своето време.