Македонија по шести пат во „Часот на планетата Земја“

В сабота, на 28 март, Македонија по шести пат ќе се вклучи во светската волонтерска акција „Часот на планетата Земја“, преку која со симболично исклучување на светилките еден час, ќе испрати порака за спас на планетата.

Во акцијата ќе учествуваат 162 земји од светот, кои во 20.30 часот по локално време ќе ги исклучат светилките во повеќе од 8.000 градови.